21.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

И ова се случува: Алигатор прекина тренинг на Торонто (ВИДЕО)

Најчитани вести

МЛС составот Торонто се соочи со специфична ситуација на еден од последните тренинзи, односно на истиот имаше еден непоканет гостин-алигатор.

Торонто поради пандемијата со коронавирусот е на Флорида, а токму тука играчите и стручниот штаб се соочија со момент кој дефинитивно ќе го паметат до крајот на нивните животи.

-Ова е прв пат да видам алигатор во мојот живот. Ама добро е да се биде на Флорида, ова го гледате. Никогаш нема да го видите во Торонто, -истакна дефанзивецот, Крис Мавинга.

Во продолжение погледнете како изгледаше средбата на играчите со моќното животно.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести