И Меси замешува прсти во трансферот на Нејмар, Аргентинецот со молба до Бразилецот

Share on facebook
Share on twitter
Share on whatsapp
Share on google
Share on linkedin
Share on email
Share on print

Првата ѕвезда на Барселона, Лео Меси стапува на сцена во „операцијата Нејмар”, Аргентинецот му се јавил на својот пријател Нејмар и го замолил да ги одбие Реал Мадрид.

„Каталонците“ со сите адути по потписот на Нејмар. Реал во последните денови се вклучи во трката и „кралевите“ имаат реални шанси да го ангажираат Бразилецот бидејќи ПСЖ преферира да го испрати напаѓачот во било кој друг клуб и само не на Камп Ноу.

Нејамр очајно сака да замине од Париз, и доколку не може да се врати во Барса, веројатно ќе го одбере лутиот ривал Реал.

Првата ѕвезда на „каталонците“, Лео Меси не сака да замисли едно вакво сценарио, па стапил во контакт со својот добар пријател.

Денешното издание на Марка вели дека Лео Меси му се јавил на Нејмар, го замолил да го одбие Реал Мадрид и ова лето одново да го облече дресот на Барселона.

Двајцата се во одличен однос, покрај извонредното партнерство на теренот имаат и дружба надвор од терените. Дали повикот од Лео Меси ќе заврши работа, останува да видиме во следните десетина дена.

Џ.И.

Оставете коментар

Актуелно

@2019 – Новинска агенција ЖУРНАЛ. Сите права се задржани.

Димитрие Чуповски 4/2-11, Скопје, Република Македонија. Телефон: 02/3217-815
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од ЖУРНАЛ.
Секој упад и злоупотреба на интернет страницата на ЖУРНАЛ е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Македонија.