24.8 C
Skopje
Friday, September 17, 2021

И македонските дипломати ги побараа своите синдикални права

Најчитани вести

Неодамна формираниот Македонскиот дипломатски синдикат ( 7 октомври годинава), денеска имаше „огнено крштевање“ на прес конференција на која укажа на недоследностите во функционирањето на МНР и алармираше дека Македонија, меѓу другото, се уште нема постојан амбасадор во НАТО иако земјава очекува наскоро да стане членка.

На ова предупреди Зоран Дабиќ, првиот човек на Дипломатскиот синдикат (МДС), според кој неоправдано е на оваа позиција да имаме заменици и кога по влегувањето како 30 та членка Македонија треба да учествува во носењето на важните одлуки.

Според Дабиќ, кој е прв човек на Синдикатот, целта на синдикалното здружување произлезе од бројните барања и апели на вработените во Министерството за надворешни работи за заштитата на работните права, кариерните прашања и неопходноста од поголема транспарентност при носењето на клучни одлуки во функционирањето на дипломатска служба.

Од синдикатот веќе испратиле и свои предлози и барања до МНР и побарале средба со министерот Никола Димитров кои се однесуваат на функционирањето на МНР и на дипломатската мрежа и на кариерата на македонските дипломати.

Во основните, како што велат, системски барања на Синдикатот се наведуваат:

-Повлекување на систематизацијата донесена на 14.12.2018, а реализирана во јули годинава и вклучување на членови на Синдикатот во изработка на нова систематизација (Со овој чин се спроведе системско деградирање на таргетирани кариерни дипломати без никаква аргументација и се воведе нефунционална организациска структура преку фузирање на директорати и укинување на работни позиции);

-Остварување на законско право за редовно преминување/стекнување во повисоки дипломатски звања (Раководството не ја спроведува постоечката законска регулатива поради што голем број дипломати со години се “заглавени“ во исто дипломатско звање и им се попречува кариерниот развој на дипломатската кариера);

-Вклучување на МДС во подготовката на новиот Закон за надворешни работи со свои предлози/забелешки/сугестии (досегашното драфтирање на Законот е нетранспарентно, во тесен круг на луѓе);

-Реформа на актуелната постапка за упатување на дипломатите во ДКП-ата (поради потребата од предвидливост, примена на систем на ротација, фер пристап во носењето на одлуките и утврдување на објективни критериуми);

-Учество на член на Синдикатот во комисиите за избор на дипломати за упатување во дипломатско-конзуларните претставништва.

-Македонскиот дипломатски синдикат се обрати до министерот со барање за средба на која ќе бидат презентирани клучните програмски определби, но досега не е добиен одговор- велат од МДС.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com