12.8 C
Skopje
Monday, June 14, 2021

И Зидан кажал “ДА“: Сергеј за 70 милиони евра во јуни станува “КРАЛ“!?

Најчитани вести

Ова лето не Мбапе и Халанд, туку СМС или Сергеј Милинковиќ Савиќ, големата ѕвезда на Лацио и српскиот фудбал, ќе потпише за Реал Мадрид. Ова го најавуваат утринава медиумите во Шпанија, а го преземаат речиси сите во Европа.

И Зинедин Зидан кажал “ДА“ за овој трансфер, па така СМС би требало да биде наследникот на Лука Модриќ во офанзивниот дел од средниот ред на “кралевите“. Отштетата која Флорентино Перез треба да му ја плати на Клаудио Лотито, првиот човек на Лацио е некаде околу 70 милиони евра.

Инаку Сергеј во изминатите година – две се поврзуваше со можен трансфер во речиси сите големи клубови во Европа, останува да се види дали навистина Реал е толку заинтересиран, или пак станува само една обична новинарска шпекулација.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести