И Демократска партија на Турците на Македонија, партнер на владината коалиција, вчера ги оспори резултатите од пописот. Демократскиот сојуз, партија која исто така е дел од владината коалиција, вчера соопшти дека пописот е неуспешен.
Не ги прифаќаме официјалните резултати од пописот на населението, што се одржа од 5 до 30 септември 2021 година, објавени од Државниот завод за статистика, соопшти ДПТ.
„Предложивме повеќе амандмани околу подобрувањето на Законот за попис на населението и вложивме големи напори на терен за да ја објасниме важноста на пописот и ефектите кои ќе произлезат од ова сложена статистичка операција врз нас како општество, користејќи ги сите демократски механизми што ни беа на располагање.
Објавените резултати се плод на целосна недоследност и политичка операција.
Иако има зголемување на турското население во 31 општина, фактот што стапката на Турците е над 20 отсто во 6 општини и постоењето на пораст од 7 отсто на последниот попис според Пописот од 2002 година, не значи дека преку објавените податоци ова политичка операција е прифатлива за нас .
Овие резултати, кои се далеку од реалноста, не можат да бидат прифатени и од партијата и од нашиот народ.
Зголемувањето на вкупното турско население за само 5.484 лица во периодот од 19 години, значи дека сите статистички податоци се отфрлени од наша страна.
Имајќи го предвид наталитетот и морталитетот во периодот од 2010-2020 година, зголемувањето во овој период е вкупно 4.307 лица (Родени: 9.564, починати: 5.257). Врз основа на овој резултат, разликата меѓу бројот на родени и умрени во периодот помеѓу 2002 и 2009 година е само 1.177 лица. Според ова, во податоците на Државниот завод за статистика, во периодот од 2002 до 2009 година имало зголемување за 1.177 лица.
Ова е далеку од вистината и не се совпаѓа со реалноста. Дополнително, податокот за етничкото потекло на 132.260 лица кои не се обелоденети фрла сенка врз целокупниот процес. Државниот завод за статистика мора веднаш и што поскоро да ги открие податоците за овие лица. Дополнително, потребно е да се објават информации околу бројот на попишани лица кои во периодот на попишување беа стекнати (нерезидентни) надвор од државата, вкупно 12.482 наши сонародници Турци.
Доколку со јасни и официјални податоци не се расчистат сомневањата за пописниот процес, оваа сложена статистичка активност нема да биде ништо повеќе од една проста политичка операција“, соопшти Демократска партија на Турците на Македонија.