17.8 C
Skopje
Thursday, June 17, 2021

И во Рим мечевите на ЕП ќе се играат пред гледачи

Најчитани вести

Италијанската влада даде зелено светло за присуство на гледачи на натпреварите на Европското првенство (ЕП), закажани на стадионот „Олимпико“ во Рим, вклучувајќи го и првиот меч на турнирот, Италија – Турција, на 11 јуни, соопшти Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ). Главниот град на Италија ќе биде домаќин и на уште два натпревари на Италија во групата, со Швајцарија и со Велс, како и на еден четвртфинален дуел, објави агенцијата „Франс прес“ (АФП).
– Подготвеноста на италијанската влада е одлична вест, тоа е добро за целата земја, не само за фудбалот – изјави претседателот на ФИГЦ, Габриеле Гравина.
Тој додаде дека италијанскиот министер за здравство, Роберто Сперанца, побарал од техничкиот и од научниот комитет што ја советува Владата „да го најде најдобриот начин како да се овозможи присуство на гледачи“ на натпреварите на ЕП. Финалниот турнир на одложеното од лани ЕП 2020, кое треба да почне на 11 јуни и да трае до 11 јули, освен во Рим, се предвидува да се одржи уште во 11 европски града, и тоа во Лондон, Минхен, Баку, Санкт Петербург, Будимпешта, Букурешт, Амстердам, Билбао, Глазгов, Даблин и во Копенхаген.

Европската фудбалска унија (УЕФА) им даде рок до вчера на 12-те града-домаќини да ги претстават своите здравствени планови за присуство барем на помала бројка гледачи на стадионите. Во минатиот месец, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, јасно стави до знаење дека не сака натпревари „пред празни трибини“. Селекторот на Италија, Роберто Манчини, неодамна изјави дека би било „големо разочарување“ доколку „аѕурите“ не ги играат натпреварите во Рим.
Пред неколку дена националниот клинички директор на Шкотска изјави дека е убеден оти „Хампден парк“ во Глазгов ќе може да прими гледачи на четирите натпревари, а германската фудбалска федерација (ДФБ) „притиска“ на гледачите да им се дозволи да присуствуваат на натпреварите на арената „Алијанц“ во Минхен, пишува АФП.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести