7.8 C
Skopje
Friday, October 22, 2021

И во Република Српска просечна плата е 500 евра

Најчитани вести

Просечната плата во Република Српска достигна 500 евра нето, соопшти Републичкиот завод за статистика.

Причината за зголемувањето на платата е тоа што од минатиот месец се пресметува поголем дел приход што не се даночи. пишува Српска инфо.

Освен тоа, од јули е двојно зголемен износот што вработените го имаат врз основа на поврат на данок за издршка на семејство.

По дејности, највисока просечна плата има во сферата на финансиите и осигурувањето, а најниска во дејноста на сместување, подготовка и послужување храна.

Освен тоа, според статистиката, цените на производите минатиот месец биле пониски за 0,1 отсто. Најголем раст на цените е забележан кај превозот поради поскапувањето на горивата, а најголем пад на цените е забележан во трговијата со текстилни производи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com