Британското кралско семејство има многу замерки за продукцијата на серијата „Круна“ (The Crown), што ја прикажува нивната семејна историја во шест сезони, но според познавачите, серијата е и заслужна за зголемувањето на популарноста на кралската куќа… Кнежевското семејство на Монако, од друга страна, се чини самото е подготвено „да им ја сервира“ својата приказна на гледачите.
Тоа би го следело владејачкото семејство Грималди сегашниот принц Албер Втори и принцезата Шарлин, како и нивните претходници, починатиот принц Рение Трети, кој се ожени со холивудската глумица Грејс Кели. Но, прво се планира филм, а подоцна тоа можеби ќе се развие во ТВ-серија. Сепак, овојпат проектот и продукцијата се во рацете на оние на кои најмногу им веруваат – самото владејачко семејство.
Проектот е потпишан од продукциска куќа предводена од синовите на принцезата Каролина од Хановер, инаку внуци на Грејс Кели – Андре Казираги, Пјер и неговата сопруга – Беатрис Казираги (родена со презимето Боромео).
Називот на првиот филм е „Part I – The Rock“ („Поглавје I – Каменот“), и тој ќе се сосредоточи на првото заземање на Кнежевството Монако од страна на Франческо Грималди кон крајот на 13. век. Поддржувајќи го папата и заземајќи став против светиот римски император, тие станале господари на Монако во 15. век. Секој принц (кнез) од Монако го носи презимето Грималди, а тоа го прави најдолговечното владејачко семејство во Европа.
Според развојот на настаните, постојат амбиции и за цел серијал филмови, а можеби и за серија, бидејќи историјата на Грималди е повеќевековна.