Центарот за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) утврди дека во областите со високо ниво на коронавирусна инфекција, и вакцинираните и невакцинираните граѓани мора да носат маска.
„Во ретки прилики, и некои вакцинирани лица со делта-сојот може да бидат заразни и да им го пренесат вирусот на други“, рече директорката на ЦДЦ, Рашел Валенски.
Здравствената агенција, исто така, препорача училиштата да воведат универзално носење маски, иако според претходните упатства, вакцинираните ученици и вработени не треба да ги носат, пишува Еј-би-си њуз.
„ЦДЦ препорачува локалните власти да го охрабрат универзалното носење маски во затворен простор за сите наставници, вработени, ученици и посетители на училиштата, без оглед на статусот на вакцинација“, рече ЦДЦ во новите упатства.
Директорката на ЦДЦ, Рејчел Валенски рече дека податоците покажуваат дека делта-варијантата „се однесува уникатно“.