-1 C
Skopje
Monday, March 1, 2021

И амнестијата за 27 април на Мукоски, Василевски и Тарчуловски в среда на седница на Уставниот суд

Најчитани вести

На дневен ред пред судиите во Уставниот суд во среда ќе се најде иницијативата за оцена на уставноста на Законот за амнестија кој се донесе во 2018 година, а се однесуваше за насилниот упад во Собранието на 27 април 2017 година, објави порталот А1он.

Во иницијативата од засега непознат подносител се бара да се разгледа уставноста на членот 1 и членот 2 од Законот за амнестија, со кој од кривичен прогон се ослободија најголемиот дел од обвинетите за „Крвавиот четврток“, меѓу кои и пратениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски, Јохан Тарчуловски, Љупчо Димовски и Љубен Арнаудов, водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Борис Дамовски, Владо Јовановски и Богдан Илиевски и уште неколку обвинети.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести