9 C
Skopje
Tuesday, May 11, 2021

ИЈЗ: Намалување на бројот на нови случаи и на починати

Најчитани вести

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје во периодот од 18 до 24 јануари 2021, тестирани се вкупно 11.036 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на САРС-ЦоВ-2, со намалување од 21,8% во однос на минатата недела. Регистрирани се 1.727 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со намалување од 28% во однос на минатата недела.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (н=851; 49,3%), со неделна инциденца – 137,8/100.000. Највисока неделна инциденца од 190,5/100.000 е регистрирана во Кавадарци.

Процентот на позитивност во споменатиот период се движи од 9 до 19%, или во просек 14%, што претставува намалување од 2% во однос на минатата недела.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (н=507, 29,4%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (н=299; 17,3%), 50-59 (н=298; 17,3%), 30-39 (н=287; 16,6%), и 20-29 (н=231; 13,4%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (н=32; 1,9%) и 10-19 години (н=73; 4,2%).

По добиени 2 негативни теста за присуство на САРС-ЦоВ-2 или со употреба на новиот алгоритам, како оздравени се водат 5.084 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, 12,1% помалку во споредба со минатата недела.

Пријавени се 69 смртни случаи од 23 града, со намалување од 12,7% во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 55 лица биле над 60 години, 11 лица на возраст од 50-59 години, 2 лица на возраст од 40-49 години и едно лице од 30-39 години.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести