7.8 C
Skopje
Saturday, December 3, 2022

ИХФ Супер Глоуб 2022: Четири групи, 12 екипи по трофејот во Дамам

Најчитани вести

Извлечена е жрепката за ИХФ Супер Глоуб 2022 во Саудиска Арабија, вкупно 12 екипи ќе се натпреваруваат во периодот од 18 до 23 октомври во Дамам ќе се натпреваруваат 12 екипи.

Четири европски екипи ќе бидат фаворити во групи со по три екипи – Магдебург, Келце, Бенфика и актуелниот првак во Лигата на шампионите Барселона.

Египетскиот клуб Ал Ахли има најголеми шанси да изненади една од европските селекции.

Супер глоуб ИХФ 2022:

Група „А“: Магдебург (Германија), Сиднеј Уни (Австралија), Калеј (Саудиска Арабија)

Група „Б“: Ал Ахли (Египет), Мадар (Саудиска Арабија), Бенфика (Португалија)

Група „Ц“: Хандебол Таубате (Бразил), Ал-Кувајт (Кувајт), Келце (Полска)

Група „Д“: Барса (Шпанија), Клуб Министрос (Мексико), Есперанс де Тунис (Тунис)

Најтрофејна екипа во ова натпреварување е Барселона која славеше петпати, по две титули имаат Фуксе Берлин (Германија) и Сиудад Реал (Шпанија), а по една шпанските Атлетико Мадрид и Кантабрија, германските Кил и Магдебург и катарскиот Ал-Сад.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести