24.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Италија повторно го става на дневен ред прашањето за проширување во ЕУ

Најчитани вести

Италијанскиот претседател Серџо Матарела даде поддршка за европските цели на Северна Македонија и најави дека Рим ќе бара вонредно да се отвори темата за проширувањето меѓу министрите за надворешни работи на ЕУ.

Советот за општи работи на Европската Унија повторно ќе го отвори прашањето за проширувањето, по неуспехот да се постигне консензус на самитот во Брисел минатиот месец. Иницијативата е на Италија чиј претседател, Серџо Матарела денеска во Рим го информирал својот гостин, шефот на македонската држава Стево Пендаровски за следните чекори.


Северна Македонија и Албанија не добија датум за почеток на преговори со ЕУ, и покрај позитивната препорака од Европската комисија. Скопје беше блокирано од Франција која бара најпрво да се изврши реформа на методологијата на преговарачкиот процес.


Според најави од дипломатски извори кои ги пренесува агенцијата Миа, проширувањето би можело повторно да се најде на дневен ред на состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ на 19 ноември. Дали Франција дотогаш ќе ја претстави новата методологија, останува неизвесно. Како што денеска изјави и амбасадорот на ЕУ во Скопје, Самуел Жбогар: „многу е рано да се зборува за нова методологија“.


Претседателот Пендаровски денеска на средбата со италијанскиот домаќин уште еднаш потенцирал дека неговата земја нема друга алтернатива освен интеграција во ЕУ и не се прифатливи алтернативни модели за градење на односи на земјите од Западен Балкан со Унијата, различни од стандардите што ги поминаа сите членки во ЕУ како кандидати.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести