8.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Италија нов европски фудбалски шампион

Најчитани вести

На големото финале на Вембли во Лондон, Италија во вистински фудбалски спектакл дури по пенал рулетот ја совлада селекцијата на Англија со 3-2(1-1) и заслужено стигна до шамионскиот пехар. Ова е втора европска круна по онаа во далечната 1968 освоена по два меча против тогашна југославија, за популарните азури во историјата.

Херој на азурите во големото финале е најдобриот фудбалер на ЕУРО 2020 извонредниот голман Џанлуиџи Донарума.

Голманот на Милан во пенал серијата успеа да ги одбрани пеналите на Санчо и Сака , а Рашворд ја погоди стативата од неговиот гол.

Дуелот на гигантите на Вемлби домашната Англија го започна на импозантен начи со најбрзиот гол во едно финале, во 2 минута Шо одлично реагираше на центаршутот на Трипие за ерупција на трибините на скоро полниот Вембли. Англија води со 1-0.

Шокираната Италија потоа долго ја бараше својата игра, дури во финишот на првиот дел популарните азури влегоа во посакуваниот ритам. Италија го имаше поседот на топката но на полувреме се замина со предност на Англија од 1-0.

Во вториот дел избраниците на Манчини заиграа многу подобро, доминираа на теренот, а теренската иницијатива беше валоризирана во 67 минута, кога Бонучи најдобро се снајде пред голот на пикворд и израмни на 1-1. Со тој резултат завршија регуларните 90 минути од големото финале. Немаше голови ниту во продолженијата од двапати по 15 минути.

По што пенал рулетот мореше да одлучува за новиот европски фудбалски шампион.

Во пенал серијата Италија го имаше својот херој, голманот Донарума кој со два одбранети пенала на новозлезените Санчо и Сака и промашувањето на Рашворд ја одведе својата селекција до втората европска круна.

Италија заслужено е на врвот на ЕУРО2020 , азурите го играа најдобриот фудбал од почетокот до крајот на шампионатот.

И по големото финале на Вембли Италија ја продолжи низата од 34 средби без пораз на сите натпреварување.

Европскиот шампионат кој се играше на дури 11 стадиони низ Европа е посебно значаен и за селекцијата на Македонија, бидејќи тоа беше историското прво европско првенство за македонскиот национален тим.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com