20.8 C
Skopje
Tuesday, September 28, 2021

Италија најде начин да ја преживее пандемијата! Нивната идеја ќе ве воодушеви!

Најчитани вести

Италијанците го најдоа совршениот начин за справување со корона кризата!

Средновековната архитектура, напуштените градови и недопрената природа е нешто што можеби потсетува на сценографијата за хорор филм. Но, ако го погледнете сето ова од перспектива на тековната пандемија на корона вирус, може да сфатите дека таквата сценографија всушност има одредени предности. Италијанците тоа со време го сфатија.

Од 90-тите години на минатиот век, во Италија се развива нов туристички модел, познат како „алберго дифузо“, што може да се преведе како концепт на расфрлани хотели.

Основната идеја на овој необичен концепт е составена од хотели кои претежно се наоѓаат во различни згради на напуштено село.

Повеќето села каде денес се наоѓаат такви хотели претходно останаа без жители, едноставно затоа што жителите се преселија во поголемите градови во потрага по некоја работа. Токму овој проблем ги натера многу луѓе да ги продаваат своите домови за живеење.

И тогаш некои претприемнички хотелиери го искористија сето тоа и ги претворија ваквите села во луксузно сместување. Така, тие им овозможија на гостите практичен престој во сопствениот објект, но и да ги користат услугите на ресторани или бањи лоцирани во друг дел од селото.

Многу е веројатно дека овој концепт ќе биде исклучително интересен за туристите во иднина, пред се затоа што во целост им овозможува на гостите можност да ги почитуваат правилата за физичко растојание.

Совршено место за одмор

Во 90-тите години од минатиот век, Даниеле Килгрен наиде на остатоци од средновековниот град на тврдината Санто Стефано ди Сесанио, лоциран во централниот италијански регион Абруцо. Патем, тој италијански регион е познат по своите пејзажи со неверојатна убавина, па затоа често се нарекува Мал Тибет. Денес, постои еден од најубавите италијански хотели со овој концепт.

Се изгубив на валканите патишта што ветрат околу остатоците од средновековната тврдина. И поминав години во потрага по вакво место, каде пејзажот не беше расипан од ништо. Се сретнав со сметководителот и го објаснив потенцијалот што го гледам во ова село. Објаснив како го замислувам неговиот развој. Ова беше првиот чекор кон создавањето на хотелскиот бренд „Секстантио“ – изјави Даниеле Килгрен за Си-Ен-Ен .

Поради големиот интерес, сосема е очекувано ваквиот концепт најверојатно да биде баран во иднина.

Ова расфрлано село им нуди на своите гости не само излети на врвот на планината, туку и уживање во локалните специјалитети. Тука можат да пробаат домашен леб, сирења и вина, но и сушени месни производи и овошје. Традиционалниот амбиент е максимално зачуван во самото село, а има и кафуле на централниот селски плоштад. Малото локално население се обидува да ги задоволи гостите со вкусни специјалитети, а келнерите во локалното кафуле ги упатуваат заинтересираните за тоа како се подготвува одреден сладок или солен специјалитет.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com