17.8 C
Skopje
Monday, September 26, 2022

Италијански медиуми: Загубивме од земја за која многумина не знаат ни дека постои

Најчитани вести

Победата на Македонија во Палермо ја шокираше италијанската фудбалска јавност и донесе жестоки критики за италијанскиот селектор Роберто Манчини и неговите избраници.

Медиумите не се задоволни од прикажаната игра и најголем дел од нив бараат оставка од Роберто Манчини.

– Поразот од Македонија е Капорето (алудира на тежок пораз на италијанската војска во Првата светска војна) за нашиот фудбал. Загубивме од земја за која многумина не ни знаат дека постои.
Италијанскиот фудбал го доживеа најголемото дно, ова е полошо од поразите од Северна Кореја во 1966 и Јужна Кореја во 2002 година, полошо од катастрофалниот настап на СП во Јужна Африка, – вели Алдо Кацулјо во својот уреднички коментар во „Кориере дела Сера“.

– Сега е сигурно, имаме генерација без Светско првенство. Фудбалери кои нема да почувствуваат настап на мундијал и фанови кои нема да ја бодрат репрезентацијата на ваков настан. А овој пат е уште полошо од минатиот пат, – пишува „Ла Стампа“, потсетувајќи дека за Италија турнирот во Катар е второ пропуштено СП по ред.

– Збогум свету, збогум на се, авантурата заврши, Италија е елиминирана. Македонија ќе игра плејоф финале со Португалија, а ние се враќаме во апокалипсата, – вели еден од ударните наслови на „Газета дело Спорт“.

– На 11. јули го славевме неверојатното освојување на Европското првенство, за осум месеци подоцна магичната ноќ се претвори во кошмар. Неверојатна елиминација, толку неочекувана, неверојатна тишина го обви Палермо кој очекуваше ова да биде ноќ за славење, – велат новинарите од „Кориере дело Спорт“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com