Home » Италијанските пратеници не избраа претседател на државата во првиот круг од гласањето

Италијанските пратеници не избраа претседател на државата во првиот круг од гласањето

by Журнал.мк

Италијанскиот Парламент не избра претседател во првиот круг, бидејќи ниту еден кандидат не доби доволен број гласови на тајното гласање, а за денеска е закажано ново гласање.

Околу 1.000 членови на двата дома на парламентот, Претставничкиот дом и Сенатот, и претставниците на регионите и автономните покраини почнаа да гласаат вчера попладне за избор на наследник на Серџо Матарела, а на победникот на тајното гласање му треба два третинско мнозинство во кој било од трите круга на гласање.

Гласањето се повторува сè додека еден од кандидатите не добие доволно гласови.

Во првите три гласања тоа се 672 гласа, а доколку ниту еден од кандидатите не успее да ги помине овие три круга, во следните гласања прагот се намалува на 505 гласа потребни за избор.

Актуелниот премиер Марио Драги се смета за фаворит, а меѓу оние кои се сметаат за можни кандидати се поранешниот претседател на Долниот дом, Пјер Фердинандо Касини, поранешниот премиер Џулијано Амато и претседателката на Сенатот Марија Елизабета Алберти Каселати.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More