17.8 C
Skopje
Thursday, September 23, 2021

Италијанските медиуми тврдат: Де Роси кариерата ја продолжува во лутиот ривал на Рома

Најчитани вести

Искусниот италијански фудбалер Даниеле Де Роси одлучи да ја напушти Рома на крајот од сезоната, откако не доби продолжување на договорот. Играчот од средниот ред целата кариера ја помина во дресот на „римската волчица“ и сите беа во шок кога беше објавено дека клубот не му понудил нов договор.

Италијанските медиуми деновиве пишуваат дека Де Роси сигурно ќе остане во Италија, затоа што добил неколку интересни понуди. Дури три клубови од Серија А му понудиле договор, а со еден од нив веќе преговара.

Станува збор за европскиот гигант Милан, а според последните информации Де Роси во следните денови ќе потпише договор со клубот од „Сан сиро“. Освен Милан за него заинтересирани се Сампдорија и Фиорентина.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com