21 C
Skopje
Monday, May 17, 2021

Италијанските медиуми тврдат: Барселона и Сити го сакаат играчот на Јувентус

Најчитани вести

Според пишувањата на неколку италијански медиуми, Барселона и Манчестер Сити го сакаат играчот на Јувентус Родриго Бентанкур.

Уругваецот кој ова лето наполни 22 години пристигна во Јувентус од Бока Јуниорс во 2017. година за 12.5 милиони евра, а оваа сезона запиша девет настапи во дресот на „Старата дама“.

Минатата сезона беше доста добра за Бентанкур кој одигра 40 натпревари и постигна 2 гола, а Јувентус на крајот од летниот преоден рок ја одби понудата на Манчестер Сити за него.

Во клубот од Торино е голема гужва во средниот ред, па тука покрај Бентанкур се и Арон Ремзи, Блез Матуиди, Емре Џан, Адриен Рабио, Сами Кедира и Миралем Пјаниќ.

Поради тоа Барселона и Сити ја следат ситуацијата и чекаат шанса да тргнат по играчот на Јувентус.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести