13.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Истражување: Тешкиот облик на корона би можел да предизвика автоимуни напади

Најчитани вести

Тоа го предупредиле научниците во трудот објавен во списанието „Nature Communications“.

Откриле автоантитела во примероци од крв од приближно 50 проценти од 147 хоспитализирани пациенти со „Ковид-19“ што ги проучувале, но кај помалку од 15 проценти од 41 здрав волонтер.

Од 48 пациенти со „Ковид-19“, истражувачите зеле примероци од крв во текот на неколку дена, вклучително и денот на приемот во болница, што им овозможило да го следат развојот на автоантителата.

„Во рок од една недела, околу 20 проценти од овие пациенти развиле нови антитела кон сопственото ткиво, кои не биле присутни на денот на нивното примање“, вели шефот на студијата др. Пол Уц од Универзитетот Стенфорд.

Тој ги повикал луѓето да се вакцинираат.

„Не можете однапред да знаете дека ќе имате блага форма на ковид-19“, рече тој.

„Ако сеуште добиете тешка форма, може да завршите со проблеми до крајот на животот, бидејќи вирусот може да предизвика автоимуна реакција“, рече тој.

„Не сме проучувале ниеден пациент доволно долго за да знаеме дали тие автоантитела се уште се присутни една или две години подоцна“, додаде тој, но истакна дека развојот на автоимуни заболувања е можен.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com