20.8 C
Skopje
Sunday, September 26, 2021

Истражување: Секој четврти Италијанец верува дека жената со облекување предизвикува силување

Најчитани вести

Речиси четвртина од Италијанците веруваат дека жена може да предизвика силување со начинот на кој се облекува, покажа истражувањето по повод вчерашниот ден на ОН за борба против насилството над жените.

„Идејата дека начинот на кој се облекуваш може да поттикне сексуален напад наоѓа своја потврда кај 23,9 отсто од популацијата”, соопшти националната агенција за статистика Истат.

Процентот на луѓето кои веруваат дека облекувањето поттикнува силување е сличен и кај жените и кај мажите, но е поголем кај повозрасните и помалку образованите луѓе. Истовремено, опаѓа кај младата генерација и високо образованите, посочува Истат.

Истражувањето покажа дека 39,3 отсто од жителите во целост или делумно се согласува со идејата дека жената секогаш може да се спротивстави на полов однос, па се и многу скептични кога станува збор за секс под принуда.

Истат, исто така соопшти, дека истражувањето покажало дека за 25 отсто Италијанци е во ред луѓето кои се во врска повремено да удрат.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com