1.8 C
Skopje
Sunday, January 29, 2023

Истражување покажало дека консумирањето на само 2 порции овошје дневно го намалува ризикот од дијабетес тип 2

Најчитани вести

Луѓето кои боледуваат од дијабетес треба да внимаваат на внесувањето на сувото овошје и разни овошни сокови поради тоа што тие се поконцентрирани извори на шеќер.

Истражувачите од Универитетот Едит Кован во западна Австралија откриле дека само две порции овошје дневно, ги намалуваат шансите за развој на дијабетес тип 2 за дури 36 отсто.

„Во ова истражување ја докажавме поврзаноста меѓу внесувањето на овошјето и инсулинот“, изјавила авторката на истражувањето д-р Никол Бондоно, што значи дека испитаниците кои консумирале повеќе овошје морале да надополнат помалку инсулин за да се намали нивото на гликозата во крвта.

Ова откритие, додала Бондоно, особено е важно поради тоа што високото ниво на циркулирачки инсулин може да ги оштети крвните вени и освен дијабетес се поврзува и со висок крвен притисок, гојазност и многу други срцеви болести.

„Многумина погрешно веруваат дека луѓето со дијабетес треба да избегнуваат да јадат овошје, но оваа студија го докажа спротивното“, вели Бондоно и додава дека овошјето ефикасно го намалува ризикот од дијабетес поради тоа што е преполно со растителни влакна и природни шеќери.

Сепак, предупредува таа, луѓето кои боледуваат од дијабетес треба да внимаваат на внесување на суво овошје и разни овошни сокови поради тоа што тие се поконцентрирани извори на шеќер од самото овошје.

Иако, како што истакнува, овошните сокови се малку поздрави од газираните напитоци, сепак по својата нутритивна вредност им се поблиски нив отколку на самото овошје кое содржи многу микрохранливи состојки.

„Дијабетес тип 2 може да се спречи или да се одложи со промена на начинот на живот“, потсетила д-р Елис која на сите со таквата здравствена состојба им препорачува слабеење и значајно зголемување на физичката активност.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести