Home » ИСТРАЖУВАЊЕ НА ГАЛУП: Во Македонија живеат најгневните луѓе во Европа, поради нивните бројни разочарувања во изминативе години

ИСТРАЖУВАЊЕ НА ГАЛУП: Во Македонија живеат најгневните луѓе во Европа, поради нивните бројни разочарувања во изминативе години

by Журнал.мк

Многубројните разочарувања што се случија изминатите години ги претворија македонските граѓани во едни од најгневните луѓе во Европа, кај кои гневот и револтот на дневна основа се далеку над европскиот просек.

Ова го покажуваат резултатите во најновиот извештај на „Галуп глобал емоушнс репорт“, во кој се опфатени 122 земји во периодот на 2021-та и првата половина на 2022 година, во кој македонските граѓани со високи 26 отсто на акумулиран гнев на дневна основа се веднаш зад Турција, каде што гневот е изразен високи 48 отсто.

Речиси во цела Европа гневот на дневна основа е под 25 отсто, но во Македонија тој е над оваа граница и ја позиционира земјава како водечка во делот на гневно и револтирано население на дневна основа.

Како по обичај, најмалку гневни се Финците, потоа следуваат Естонците, а по нив Холанѓаните и Португалците.

На Балканот, дневниот гнев на Србите и Босанците е 22 отсто, на Албанците и Грците 20 отсто, на Бугарите 16 отсто, на Романците 15 отсто, на Словенците и Хрватите 14 отсто, додека на жителите на Косово 13 отсто.

Многубројните разочарувања што се случија изминатите години ги претворија македонските граѓани во едни од најгневните луѓе во Европа, кај кои гневот и револтот на дневна основа се далеку над европскиот просек. Ова го покажуваат резултатите во најновиот извештај на „Галуп глобал емоушнс репорт“, во кој се опфатени 122 земји во периодот на 2021-та и првата половина на 2022 година, во кој македонските граѓани со високи 26 отсто на акумулиран гнев на дневна основа се веднаш зад Турција, каде што гневот е изразен високи 48 отсто.

Речиси во цела Европа гневот на дневна основа е под 25 отсто, но во Македонија тој е над оваа граница и ја позиционира земјава како водечка во делот на гневно и револтирано население на дневна основа.
Како по обичај, најмалку гневни се Финците, потоа следуваат Естонците, а по нив Холанѓаните и Португалците.

На Балканот, дневниот гнев на Србите и Босанците е 22 отсто, на Албанците и Грците 20 отсто, на Бугарите 16 отсто, на Романците 15 отсто, на Словенците и Хрватите 14 отсто, додека на жителите на Косово 13 отсто.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk