28.8 C
Skopje
Sunday, June 20, 2021

Истражување на авиокомпании: Брзите тестови подеднакво ефикасни како и карантинот

Најчитани вести

Брзи антигенски тестови по враќањето на патниците од патување можат да бидат подеднакво ефикасни како карантин во запирање на увезените случаи на Ковид-19, покажуваат податоците од новата студија за која туристичката индустрија се надева дека ќе ги убеди земјите да ги отворат своите граници во текот на летото.

Истражувањето, направено по барање на сопственикот на Бритиш ервејс IAG, Вирџин Атлантик и други, покажа дека брзите тестови за антигени по враќањето во земјата се подеднакво ефикасни како и десетдневна самоизолација кога станува збор за намалување на бројот на увезени случаи на Ковид-19.

Минатата година, британските правила за десетдневен карантин по враќањето во земјата за патниците од повеќето земји ја уништија туристичката индустрија затоа што ги одвратија луѓето од патување.

По една година ограничувања и минимални приходи за авиокомпаниите, тие се надеваат дека ќе почнат патувањата, а кога тоа ќе се случи, тие сакаат на списокот на дестинации да има што помалку места за кои треба да се применат карантински мерки по враќањето.

– Веруваме дека меѓународните патувања можат да продолжат безбедно преку постепено ублажување на потребите за тестирање и гранични ограничувања со проценка на ризик базирана на наук“, изјави извршниот директор на Вирџин Атлантик, Шаи Вајс.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести