Home » Истражување кое траело 32 години открива кои 3 намирници ни го „кратат“ животот

Истражување кое траело 32 години открива кои 3 намирници ни го „кратат“ животот

by Журнал.мк

Истражување кое траело цели 32 години, а кое го спровело Медицинскиот факултет Пенстејт во Пенсилванија, покажало кои намирници треба да ги јадеме со доза на внимателност.

Потенцијалната опасност е во фактот што говедското, пилешкото месо и млечните производи содржат сулфурни аминокиселини.

Студијата покажала дека консумирање на голема количина од тие киселини може да доведе до ризик од кардиоваскуларни болести, па дури и до смртоносен исход.

Кога истражувачите ги прегледале резултатите од речиси 120.700 учесници од две долготрајни студии, забележале дека оние кои консумирале двојно поголема количина сулфурни аминокиселини преку исхраната се смета дека имаат 12 отсто зголемен годишен ризик од развој на кардиоваскуларни болести и 28 отсто зголемен ризик од смрт.

Исто така откриле дека најголем дел од сулфурните аминокиселини доаѓаат од храната како говедско месопилешко месо и млечни производи.

„Во новото истражување се истакнува дека исхраната богата со животински белковини е поврзана со лошото здравје. А, типичната американска исхрана содржи премногу од тоа“, вели нутриционистката Лиса Јанг.

„Студијата исто така покажува дека исхраната која е здрава за срцето треба да вклучува овошје и зеленчук и растителни протеини, како грашок и јаткасти плодови наместо месо и млечни производи“.

Не е потребна елиминација на тие производи

„Не мора да ја елиминираме храната богата со сулфурни аминокиселини, како месото и млечните производи, но треба да ја ставиме на минимум и повеќе да консумираме поздрава хранa“, вели нутриционистката.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk