19.8 C
Skopje
Monday, August 2, 2021

Истражување: Имунитетот на оние кои го прележале Ковид-19 е речиси еднаков на заштитата од вакцините

Најчитани вести

Луѓето кои го прележале коронавирусот имаат 91 отсто понизок ризик од зараза во следните седум месеци, покажа истражувањето на Медицинскиот факултет во Грац, објавено во списанието „European Journal of Clinical Investigation“.

Ова ниво имунитет е малку понизок од оној што го овозможува вакцината Pfizer/BioNTech, за која е утврдено дека има 95 процентна успешност во тоа.

Тоа значи дека раната инфекција со коронавирус создава речиси еднакво ниво на заштита како кај вакцинираните лица, барем во пократок период, покажа истражувањето спроведено во Австрија.

Студијата проучувала како луѓето кои биле заразени во првиот бран на инфекцијата, од февруари до април, поминале во вториот бран од септември до ноември

Во споредба со останатата популација во Австрија, тие имале значително појака отпорност на инфекција.

„Тие податоци покажуваат дека расте имунитетот на коронавирусот кај австриското население, иако сè уште не знаеме до која мера тој имунитет се однесува на разните мутации на коронавирусот или пак колку долго во мера трае заштитата од реинфекција во подолг период“, изјави Франц Алерберг од „Австриската агенција за здравје и сигурност на храна“ (Ages).

Потребно е да се направат понатамошни евалуации во текот на претстојниот период и анализи на податоци од останатите земји.

Резултатите се слични до оние до кои што дошле британските здравствени работници, кои што откриле дека речиси 90 отсто од заразените со коронавирус имаат антитела во својот организам шест месеци по инфекцијата.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести