10.8 C
Skopje
Sunday, October 24, 2021

Истражување: Загадувањето на воздухот во 2019 год. предизвика смрт на повеќе од милион луѓе

Најчитани вести

Најновото научно истражување откри дека во текот на 2019 година, загадувањето на воздухот во Африка предизвика смрт на 1.091.000 луѓе, јавува Анадолија.

Истражувањето е спроведено врз основа на официјални податоци од Светската здравствена организација, а резултатите се објавени во научното списание „Лансет планетари хелт”.

Во извештајот се наведува дека 697.000 Африканци починале како резултат на вдишување на воздух, загаден во нивните домови со јаглен и масла што се користат за греење, додека 394.000 луѓе починале поради општо загадување на воздухот.

Исто така, беше анализирано влијанието на загадувањето на воздухот врз економијата во Африка, па се наведува дека оваа појава само во Етиопија во 2019 година предизвика штета на буџетот од три милијарди долари. Штетата во Гана се проценува на 1,63 милијарди долари, а во Руанда 349 милиони долари.

Научниците предупредуваат дека растот на бројот на смртни случаи предизвикани од загадувањето на воздухот на отворено е особено загрижувачки и наведуваат дека овој негативен тренд може да расте поради забрзаната урбанизација и индустријализација во Африка.

Научниците предвидуваат дека до 2100 година, населението во Африка ќе се зголеми тројно од сегашните 1,3 милијарди на 4,3 милијарди.

По сидата, загадувањето на воздухот е втората најчеста причина за смрт во Африка.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com