-0.2 C
Skopje
Tuesday, October 26, 2021

Истражување: Ефикасноста на Фајзер и на Модерна против делта сојот е 66 проценти

Најчитани вести

Ефикасноста на вакцините на Фајзер и на Модерна против Ковид-19 е намалена од 91 на 66 отсто откако делта сојот е доминантен во САД, покажуваат резултатите од студијата што ја испитуваше ефикасноста во реални услови.

Во студијата учествуваа илјадници вработени во центрите за нега и болниците во шест американски сојузни држави. Тие биле тестирани секоја недела за да се утврди дали има симптоматски или асимптоматски знаци на болеста.

Според авторите на студијата падот на ефикасноста најверојатно е предизвикан од делта сојот.
Делта сојот во САД е доминантен од почетокот на јули, кој е потврден кај 98 отсто од заразените.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com