8.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Истражна постапка против дилер на марихуана од Студеничани

Најчитани вести

Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен жител на скопско Студеничани кој е осомничен за кривичното дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ според член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Како што информира ОЈО, на 18 август годинава, осомничениот во Скопје набавил наркотична дрога – марихуана со намера да ја препродаде. Откако ја набавил дрогата, се упатил кон стан во Гостивар за да изврши продажба на корисници на наркотични дроги. При извршен претрес, полициски службеници кај осомничениот пронашле и одзеле вкупно 1.765,2 грама марихуана во повеќе различни ќеси.

Ценејќи дека постојат законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.​​

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com