-3.2 C
Skopje
Tuesday, January 18, 2022

Истрага за имотот вреден 70.000 евра отвори Антикорупциската за Лиле Стефанова

Најчитани вести

Oбвинителката Лиле Стефанова се стекнала со имот вреден 70.000 евра, а за овој случај Државната комисија за спречување на корупција отвори постапка по допрен глас. Станува збор за стан купен на име на нејзината невработена ќерка кој бил исплатен во период од една година, пишува порталот Инфомакс.

„Во случајот како купувач на станот се јавува лицето Рената Стефанова од Радовиш, ќерка на јавната обвинителка од Радовиш, Лиле Стефанова. За ова склучен е Договор за купопродажба на недвижност помеѓу Адора Инженеринг ДООЕЛ Скопје , како продавач и Стефанова Рената како купувач. Дополнителен сомнеж за овој случај фрла и фактот дека ниту Стефанова ниту нејзината ќерка зеле кредит во периодот кога е купен станот. Она што е интересно е тоа што Стефанова според податоците на кредитното биро нема минусно салдо на ниту една од нејзините кредитни картички, по што се поставува прашањето од кои пари живее обвинителката ако не ја троши ниту нејзината плата“, пишува Инфомакс.

Антикорупциска отвори случај, но мора, се вели во написот, докрај да го истражи ова сомнително финансиско однесување на обвинителката во поранешното СЈО кое пропадна поради случајот „Рекет“.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com