9.8 C
Skopje
Monday, September 27, 2021

Историскиот натпревар на екран во домот на репрезентативецот Муслиу

Најчитани вести

Мечот со Австрија го следевме заедно со бабата и дедото на Висар – Пембе и Гафур Муслиу во Гостивар, а неговите сопруга, мајка и татко беа на стадионот во Букурешт
Бабата на Висар вели дека знаела оти тој еден ден ќе стане професионален фудбалер, а дедото прв го запишал да тренира фудбал

Влегувате во Гостивар, го поминувате центарот на градот, по што следат стадионот и помошните фудбалски игралишта во градот. Таму, покрај терените, е домот во кој растел фудбалскиот репрезентативец Висар Муслиу, а во кој „360 степени“ го проследи првиот натпревар на репрезентацијата на Европското првенство со Пембе и Гафур Муслиу.

Бабата на Висар вели дека иако не ја интересирал фудбалот, знаела дека нејзиниот внук Висар еден ден ќе стане професионален фудбалер.

„Јас реков, тој од 2 или 3 години со топка, реков овој ќе стане фудбалер. Невестите ми рекоа, мајко од каде знаеш ти, јас не знам? Кога стана тогаш – ааа, бабата имаше право“,

ни раскажа Пембе Муслиу.


Дедото на Висар Муслиу, Гафур, бил тој што прв го запишал Висар да тренира фудбал кога потпораснал.

„Ако не се лажам, кога имаше 8 години, го испратив на стадион. Не дека ќе стане фудбалер. Ги познавав тренерите, ми беа ученици и јас секогаш ги молев ако вреди задржете го, ако не вреди – кажете ми, бидејќи ќе го пропушти образованието“, вели Гафур.


Во домот на Муслиу беа и вујкото на Висар, Џевдет, и неговите внуци.

Расположението од стартот спласна кога Македонија го прими првиот гол. Но, Муслиу не губеа надеж.

„Сега ќе падне гол“,

прогнозираа семејството Муслиу за време на натпреварот.
Десет минути подоцна се врати и радоста.

„Ајде.

-Го признаа голот?

-Да, да го признаа.

-Кој даде гол?

-Пандев

-Гранде“,

се радуваше семејство на првиот погодок на капитенот Пандев.

На стадионот во Букурешт, натпреварот го следеа сопругата, мајката и таткото на Висар. На полувреме воспоставиме врска Гостивар-Букурешт.

Гордиот татко, Ардит Муслиу, беше задоволен од играта на синот.

„Играта на Висар, според мене, а го следам скоро секој меч, е совршена, на англиски велат – без коментар, немам коментар, совршена е“,

вели Ардит Муслиу.
„О Дити, да знаев дека така ќе играат, не би земал дијазепам.

– Не, ни треба татко Гафур, бидејќи играта е одлична, како што се очекуваше. Главно вашиот внук, мојот син игра совршено.

-Се знае чиј внук е“,

коментираше семејство меѓусебно на видео врска.

Сепак, вториот дел од натпреварот го смени расположението.

Дедото на Висар, иако не е фудбалер или спортист по професија, има совет за репрезентативците за следниот натпревар.

„Се забележува недостаток на западен фудбалски менталитет, трчање, трчање, ако падне мора веднаш да стане. Добро играа, генерално, тие играа добро, но искуството сè уште недостасува.“

Поразот, сепак, не ја урна надежта кај семејството Муслиу дека фудбалерите можат да направат добар резултат.

„Сега Бог да ни даде среќа со Украина, бидејќи таа, исто така, нема индустриски фудбалски менталитет.

прогнозира дедото Гафур.
„Мислам дека Украина е малку послаба во класа од Австрија, иако тие имаат добри играчи кои играа еден во Англија, Зиченко и другиот Зубхов во Ференцварош, Унгарија, но се надеваме на подобар резултат“,

вели вујкото Џевдет Фејзули.

Гафур Муслиу има порака и за оние што ги критикуваат играчите по првиот пораз на Европското првенство.

„Бразил како домаќин загуби со 7-1 на Светското првенство, не значи дека Бразилците не знаат да играат. Треба да бидеме оптимисти,сега не смееме да изгубиме надеж“,

оптимистично заклучи дедото Гафур.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com