Една кратка вест од BMW Group во која се соопштува дека на специјален настан во BMW Welt во Минхен (Minhen) ги предале клучевите на нивниот 500.000-ти електрифициран автомобил …
Од тие 500.000 возила (електрични и хибридни модели на BMW и на Mini), околу 60.000 се возат низ патиштата во Германија, a и сопственикот на 500.000-от примерок е од Германија.
Станува збор за BMW 330e plug-in hybrid, во Portimao Blue боја, со M Sport пакетот, со тркала големи 18-инча, со алуминиумски фелни и Vernasca Oyster кожен ентериер.
Од BMW Grоup најавуваат дека до 2023-та година на пазарот ќе исфрлат 25 електрифицирани модели, a помеѓу нив и целосно електричниот iX3 што пристигнува во текот на претстојната година како и iNEXT моделот за 2021 година.
