Home » Исплатени 199,4 милиони денари како дополнителна поддршка кон 5.851 лозаропроизводител

Исплатени 199,4 милиони денари како дополнителна поддршка кон 5.851 лозаропроизводител

by Журнал.мк

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги информира лозаропроизводителите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, денеска ја реализираше исплатата на дополнителните директни плаќања, за произведено и предадено грозје во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија.

Исплатени се 199,4 милиони денари како дополнителна поддршка до 5.851 лозаропроизводител.

Како корисници на оваа подмерка се јавуваат земјоделски стопанства кои имаат површини под лозови насади и остварено производство на винско грозје од реколта 2022 година, кое е предадено во регистрирани капацитети за производство на вино во Република Северна Македонија, или е преработено за потребите на сопствениот преработувачки капацитет регистриран за производство на вино во Република Северна Македонија.

Висината на дополнителните директни плаќања изнесува 2 денари по килограм.

Преку новиот модел за субвенционирање кој започна со примена од оваа година, земјоделците се сведоци на побрза и редовна исплата на субвенциите. Навремено и пред законскиот рок исплатени се во целост сите основни субвенции кон земјоделците. Токму кон лозаропроизводителите досегашната исплатена поддршка во оваа 2023 година достигнува близу 800 милиони денари.

Следува мерката за субвенционирано гориво за земјоделска механизација, односно зелената нафта, мерка за која нашата држава е единствена во регионот со таков вид на поддршка кон земјоделците. Дополнително како резултат на новиот модел за субвенционирање, кон сите земјоделци следува реализирање на 30% авансна исплата на субвенциите. Земјоделците, за прв пат во една година, ќе добијат дел од субвенциите за истата тековна година.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More