Home » Исмаил: Секоја соработка на Советниците од СДСМ и ДУИ прави штета на Скопјани

Исмаил: Секоја соработка на Советниците од СДСМ и ДУИ прави штета на Скопјани

by Журнал.мк

Советникот во Град Скопје од редовите на Левица, Реџеп Исмаил во објава на социјалните мрежи наброја дел од одлуките во градското собрание кои ги блокираа советниците од ВМРО-ДПМНЕ и од СДСМ, а се на директна штета на Скопјани. Исмаил Напиша:

„1- Ја бојкотираа набавката на нови еко автобуси кои ќе бидат во сопственост на Градот – оти штитат бизнис интерес заговарајќи удел на приватници во давање јавна услуга;

2 – Бојкотираа одлука за поставување на мерна станица во близина на фабриката УСЈЕ, емпириски уврден загадувач на Градот – додека на претпоследната седица, под притисок на јавноста ја гласаа иницијативата на Левица – Град Скопје за поставување оваа мерна станица;

3 – Дадоа одврзани раце на Училиштата и Јавните установи своите простории (сали, други простории и дел од дворното земјиште) под Градот да можат да го издаваа на приватни бизнис субјекти за кафичи, спортски балони, и слични глупости кои немаат врска со образованиот и културно-уметнички процес;

4 – Без никаква забелшка ја бојкотираа програмата на ЈП Комунална Хигиена со намера да ја закочат работата на ова претпријатие;“

Во продолжение Исмил додаде за одлуките изгласани од советниците на ДПМНЕ (заедно со советникот од ДУИ) во Велес, со кои се распродаваа парцели околу велешкото езеро „Младост“.

ДПМНЕ во Велес го продаде велешкото езеро Младост; – СДС, народот го остави без леб (буквално).

На крајот, членот на Президиумот на Левица констатираше дека овие антидржавни политики кои го водат двете партии, а се под палката на странските амбасади ќе завршат беспоштедно и катастрофално.

СДС-ДПМНЕ никогаш, на било кој начин, не ја оспорија вмешаноста на Македонија на страна на НАТО во конфликтот во Украина. Напротив, секогаш, секаде промовираат безпоштедна послушност кон желбите кои доаѓаат од Калето.
Ако мислите дека македонскиот народ во моментов не може да ви пресуди, во голема заблуда сте, вас ќе ви суди историјата, а таа е беспоштедна и сурова во своите пресуди.

You may also like

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk