Исмаили – Медински: Продлабочување на релациите во областа на македонско – руската културна соработка

0

Министерот за култура Хусни Исмаили синоќа во рамките на Меѓународниот форум за културна соработка во Санкт Петербург се сретна со неговиот руски колега Владимир Медински при што разговарале за досегашната успешна соработка во делот на културата меѓу двете земји, која досега резултираше со реализација на повеќе квалитетни содржини како пред руската така и пред македонската публика.

Како што соопшти Министерството за култура, на средбата Исмаили го информираше рускиот министер за големиот интерес што кај македонската јавност ја предизвика изложбата „100 раритети на руската државност“, која неодамна беше отворена во Музејот на македонската борба, и претставува потврда за длабоките врски на Русија со словенските земји, но и го потврдува пријателството меѓу двете држави.

Беше истакната, се посочува, и соработката во рамките на УНЕСКО, како и во рамките на Меѓународната фондација „Форум на словенските култури“, преку која се реализираат заеднички проекти и активности за зачувуваље на културните традиции на словенските народи.

-Министрите Исмаили и Медински изразија уверување дека пријателските односи меѓу нашата земја и Руската Федерација и во наредниот период ќе придонесат за продлабочување на релациите во областа на културата со уште понагласена динамика, стои во соопштението од Министерството за култура.