17.8 C
Skopje
Saturday, October 23, 2021

Исмаили го потсети Пендаровски дека во кабинетот треба да има 25 отсто Албанци

Најчитани вести

Говорот на претседателот Стево Пендаровски беше коректен, изјави
Реџаил Исмаили од ДУИ.

Посочи две работи, што претседателот Пендаровски ги истакна – Законот за јазиците и за судството.

– Се повика на извештајот на Венецијанската комисија и ние како држава треба да градиме капацитети за спроведување на тој закон. Вие знаете како новинари дека е формирана Агенцијата за спроведување на законот, исто така пред еден месец го формиравме со закон и Инспекторатот за спроведување на истиот закон, така што да дозволиме и да создадеме услови за тие две институции да почнат да се градат со јаки капацитети и да почнат да работа, дури тогаш ќе видиме како се спроведува Законот за јазиците – рече Исмаили.

Упати апел до првите луѓе на сите институции во државата да ги бараат и да градат капацитети во нивните институции за да се спроведе Законот за јазиците.

– Не случајно ние рековме и претходно дека имаме селективно судство затоа што немаше градени можеби со децении добри капацитети за да имаме добро судство. Затоа во државата ни треба да се градат капацитети за да се спроведат законите – изјави Исмаили.

Околу застапеноста на етничките заедници кај претседателот на државата, Исмаили рече дека тие му укажале дека тој однос треба да биде рамноправен на тоа што ја отсликува нашата држава.

– Не зборуваме за индивидуи, туку за проценти кои се неопходни бидејќи се уставна категорија и тој процент на претставени Албанци кај претседателот на државата треба да биде максимум 25 отсто – изјави Исмаили.

Ние како ДУИ, подвлече Исмаили, познаваме само сојузи со државите што во изминатите три децении од нашето осамостојување ни пружиле помош во најлошите моменти.

– Тие сојузи се со САД и со ЕУ. Нашата цел е зачленување што побрзо во НАТО и во ЕУ, други сојузи освен овие што ги истакнав ние не познаваме. Во врска со комшиите ние секогаш се залагаме тој однос да биде фер и да биде во рамките на реципроцитет и пружање рака на соработка со нив – изјави пратеникот Реџаил Исмаили.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com