Home » „Искомплексирана си“: Карди Би ги шокираше фановите со подарокот за својата ќерка

„Искомплексирана си“: Карди Би ги шокираше фановите со подарокот за својата ќерка

by Журнал.мк

Американската раперка Карди Би и нејзиниот сопруг Офсет во неделата го прославија четвртиот роденден на нивната ќерка со патување во Кендитопија и подарок од 50.000 долари во готовина.

На видеото објавено на инстаграм-сторито на Офсет, може да се види ќерката на славната двојка како бара од нејзиниот татко да ѝ купи бонбони додека се наведнува низ прозорецот на црн теренец. Неколку моменти подоцна, таа држеше куп банкноти.

Во клипот, Карди може да се слушне и во позадина како прашува: „Што е тоа“, додека седеше во автомобилот, смеејќи се.

Девојчето одговорило, нарекувајќи го купот пари „билет“, што е сленг за милион долари.

Меѓутоа, татко ѝ ја поправил дека се работи за 50.000 долари.

„Што ти требаше ова, ја претвораш во материјалист“, „Што да прави дете со толку пари“, „Само докажуваш колку си искомплексирана“, се дел од коментарите на луѓето на мрежите.

Ова не е првиот екстравагантен подарок на парот за нивното најстаро дете – раперката претходно ѝ подари на својата ќерка розова чанта Биркин за нејзиниот втор роденден, што предизвика бес кај обожавателите поради вредноста на подарокот.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More