25.8 C
Skopje
Saturday, June 12, 2021

Исечените јапонски цреши на „Максим Горки“ биле стари, на нивно место ќе бидат засадени нови

Најчитани вести

Исечените 13 јапонски цреши на улицата „Максим Горки“ беа стари и болни и на нивно место во понеделник, 18 ноември, ќе бидат засадени нови, соопшти Општина Центар.

„ЈП ‘Паркови и Зеленило’, на барање на Општина Центар, вчера и денес изврши интервенција на дрворедот на улицата „Максим Горки“. Општина Центар ја известува јавноста дека на местото на отстранетите стари и болни дрва уште во понеделник ќе засади нови 18 висококвалитетни дрва од истиот вид, јапонски цреши, кои се примени како донација од вработените во претставништвото на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во Скопје“, велат од Општината.

Од таму истакнуваат дека исечените дрвја биле целосно исушени и имале нарушен коренски систем.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести