-9 C
Skopje
Wednesday, January 20, 2021

Ирскиот сценарист и режисер, Џим Шеридан, доаѓа на „Браќа Манаки“ во Битола

Најчитани вести

Ирскиот сценарист и режисер, Џим Шеридан, ќе биде гостин на јубилејното 40. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Шеридан на Фестивалот доаѓа како претставник на Европската филмска академија (ЕФА).

Тој е роден во Даблин 1949 и е еден од водечките автори, сценарист-режисер на ирската кинематографија. Врв на неговата кариера и воопшто врв на ирската кинематографија е ремек-делото „Во името на таткото“, кој на Берлинскиот фестивал во 1994 ја освои „Златната мечка“, по што филмот се закити со уште 7 други светски награди и рекорден број номинации, меѓу кои се 7 номинации за „Оскар“, 4 номинации за „Златен глобус“ и 2 номинации на БАФТА.

„Големото име како Џим Шеридан покажува каков е односот на ЕФА кон нашиот фестивал кога како свој делегат за 40. издание го испраќаат големиот автор Шеридан“, рече Благој Куновски – Доре на прес-конференција на која беа соопштени деталите за фестивалот.

Директорката на фестивалот, Гена Теодосиевска, информира дека „Браќа Манаки“ ќе го отвори новиот филм на Педро Алмодовар „Болка и слава“. Во Битола ќе пристигне и кинематограферот на филмот, Хозе Луис Алкаине, кој е лауреат на „Златна камера 300“ на 34. издание на „Браќа Манаки“ во 2013 година.

Организаторите претходно го најавија присуството и на режисерот Фатих Акин, кој ќе биде специјален гостин на годинешното фестивалско издание.

Фестивалот ќе биде отворен на 14, а ќе трае до 21 септември.

Повеќе вести

- Advertisement -

Најнови вести