20.8 C
Skopje
Saturday, September 18, 2021

Ирина Шајк со натписот на својата чанта му испрати порака на Бредли Купер поради која социјалните мрежи “горат“

Најчитани вести

Ирина го извади и дијамантскиот прстен од раката, кој Бредли ѝ го даде во декември 2017-та година.

По разделбата од Бредли Купер (44), убавицата Ирина Шајк (33) има попаметна работа отколку да пати. Фактите покажуваат дека Ирина е многу активна, а може да се каже и најубава досега, а со новиот потег направи “хаос“ на социјалните мрежи и во светските медиуми.

Таа на 28-ми јуни била фотографирана во центарот на Њујорк, во опуштено, но секси издание, а најголемо внимание привлече тоа што го имаше во рацете.

Станува збор за чантата на „Olympia Le Tan“ (цена 583 евра) која го носи насловот на еден од романите на Достоевски, „The Idiot“.

Ова сите го протолкуваа како јасна порака, а Ирина од рацете го извадила и дијамантскиот прстен.

Исто така оваа убавица повеќе не живее во Лос Анџелес, а по напуштањето на заедничкиот дом се пресели во Њујорк.

Покрај Ирина Шајк, блеска и Лејди Гага (33).

Гага на 28-ми јуни ја поддржа парадата на гордоста „Pride Live’s Stone Wall Day 2019“ во Њујорк, а критиките за нејзиниот изглед се и повеќе од позитивни.

Облеката која ја носела Гага била од брендот „Versace“./tocka.com.mk

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com