16.8 C
Skopje
Tuesday, May 18, 2021

Ирена Спасовска во бикини ужива на одмор во Египет

Најчитани вести

По многуте бури кои и се случија на личен план во последниве неколку месеци, фолк пејачката Ирена Спасовска деновиве е на одмор во Египет. Дека ужива се пофали и на социјалните мрежи, каде постојано објавува слики и видеа од егзотичното патување.

Погледнете:

Инаку, фолк пејачката и водителот и уредник во МТВ Орце Гелевски долги години важеа за еден од најстабилните парови на сцената, па веста за нивниот прекин ја изненади јавноста. Орце вели дека не е лесно по толку време поминато со некоја личност да се продолжи како ништо да не се случило и го сфаќа интересот на јавноста за приватноста на јавните личности.

„Долго молчев на темава. Решив да проговорам сега и да ставам крај на ова поглавје во мојот живот. Време е да се свртиме кон нови, поведри теми во иднина. Во врската со Ирена вложив многу. Оставив зад себе сопруга и две деца, и се посветив максимално, верував дека ќе ми биде возвратено со иста мера, со љубов и посветеност. Но, ете животот ме демантираше“, изјави Орце во една прилика.

Оваа животна лекција скапо го чинела Гелевски.

„Продолжувам напред, посветен на работата, на синовите, на внуката. Не ме прашувајте која е причината поради која се разделивме, доволно се објави во порталите на таа тема. Да, неверство, но не од моја страна. Не сакам повеќе да се навраќам на тоа што било и поминало, само ќе кажам дека јас имав голема верба во нашата врска, во која што влегов со искрени емоции. Жртвував многу, а добив една животна лекција“, вели тој.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести