21.8 C
Skopje
Wednesday, May 25, 2022

Ирвинг нема намера да се вакцинира

Најчитани вести

Кајри Ирвинг нема намера да се вакцинира против коронавирусот. Ирвинг ставот го потврдил по натпреварот со Кливленд Кавалирс. Ирвинг, поради законите во државата Њујорк, невакциниран не може да игра за Бруклин на домашен терен.

Синоќа, без Кевин Дурент, кој ќе биде отсутен најмалку еден месец, Бруклин доживеаја пораз во Кливленд.

„Тоа е она што влегува во нашите животи, во спортот, забавата. Кевин ќе биде во ред. Ќе се излечи, а ние ќе мораме да се носиме со тоа што тој одреден период нема да биде во тимот. Јас нема да ја сменам мојата одлука“, рекол Ирвинг.

Потоа појаснил дека кошарката нема врска со неговиот избор.

„Поради една работа што ја наметна НБА, не можам да се двоумам во животот. Тоа нема да ми го сврти вниманието од она што се случува во реалниот живот. Сечија одлука почитувам, немам намера никого да убедувам“, заклучил Ирвинг.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com