14.8 C
Skopje
Tuesday, October 19, 2021

Иран ќе се врати на нуклеарниот договор ако добие 15 милијарди долари

Најчитани вести

Висок ирански функционер потврди дека Техеран ќе се врати на обврските од нуклеарниот договор ако добие 15 милијарди долари за продажба на нафта во рок од четири месеци, како што е предвидено во нацртот на францускиот план за спас на договорот, јави иранската новинска агенција Фарс.

Франција предложи да му понуди на Иран околу 15 милијарди американски долари кредитни линии до крајот на годината доколку Техеран во целост се придржува на нуклеарниот договор од 2015 година, потег што зависи од тоа дали Вашингтон ќе го блокира.

„Нашето враќање кон целосна примена на нуклеарниот договор зависи од примање на 15 милијарди долари за период од четири месеци, во спротивно процесот на намалување на обврските на Иран ќе продолжи“, рече заменик-министерот за надворешни работи, Абас Аракчи, за Фарс, пренесе Ројтерс.

„Или Европа треба да купува нафта од Иран или да му обезбеди на Иран еквивалент на продажба на нафта како кредитна линија загарантирана со приходите од нафта на Иран, што во извесна смисла значи предпродажба на нафта“, додаде Аракчи.

Виталната продажба на нафта на Иран опадна откако САД се повлекоа од нуклеарниот договор минатата година и ги вратија санкциите на Техеран.

Но, Аракчи рече дека сè уште има „сериозни несогласувања на агендата“ за какви било идни разговори меѓу Иран и нејзините партнери за нуклеарниот договор.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com