Иранскиот претседател Хасан Рохани денеска повтори дека неговата земја е подготвена да го преземе следниот чекор и да започне со збогатување ураниум над нивото од 3.67 проценти кое е предвидено со нуклеарниот договор од 2015 година.”Ако сакате да искажат жалење и да дадете изјава, можете да го направите тоа сега”, порача Рохани.
Во мај тој на потписниците на договорот Британија, Франција, Германија, Русија и Кина им даде рок од 60 дена да го заштитат Иран од новите американски санкции. Рокот завршува на 7 јули.