Home » Иран е подготвен да размени затвореници со САД

Иран е подготвен да размени затвореници со САД

by Журнал.мк

Иран е подготвен да размени затвореници со САД. Иранскиот министер за надворешни работи вели дека неговата земја преговарала со Вашингтон со месеци со посредство на официјални лица од Катар и Оман.

„Со месеци разменувавме пораки со американската страна преку Катар и Оман. За нас размената на затвореници е чисто хуманитарно прашање и не поставивме никакви предуслови за тоа. Им кажавме на посредниците дека сме подготвени за размена во меѓусебно договорена рамка“, изјави Хосеин Амирабдолахиан, министер за надворешни работи на Иран.

Сите уапсени кои се сметаат за размена имаат двојно американско-иранско државјанство, нешто што Техеран не го признава. Не е познато колку странски државјани се во заробеништво во Иран.

You may also like

About Us

Журнал МК е независен информативен портал.

Адреса: 8 Ударна Бригада 20б, Скопје, МК
Телефон: + 389 2 3217 815
Email: info @ zurnal.mk

@2022 – All Right Reserved. Designed and Developed by Anet.com.mk

This website uses cookies to improve your experience. We'll assume you're ok with this, but you can opt-out if you wish. Accept Read More