Седум лица се повредени доцна во четвртокот во Париз кога автомобил удрил во терасата на кафуле, објавија локалните медиуми.
Полицијата на Твитер објави дека ја блокирала улицата во 17 -тиот округ во кој се случил инцидентот.
Повикувајќи се на полициски извори, медиумите наведуваат дека возачот побегнал од местото на несреќата.
Инцидентот се третира како несреќен случај.
Во соопштението, полицијата апелираше до граѓаните да не приоѓаат на местото на настанот.