14.8 C
Skopje
Tuesday, September 21, 2021

Инфо денови за ИПАРД Програмата 2014-2020

Најчитани вести

Инфо денови за ИПАРД Програмата 2014-2020 ќе се одржат од денеска до 31 октомври, четврток, а имаат за цел да ги претстават сите можности за искористување на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020.

Инфо деновите ќе се одржат на четири локации и тоа, денеска во 11 часот во Сала на Општина Македонски Брод, утре во 11 часот во Сала на Општина Ресен, задутре во 10 часот во ресторан „Кристијан”, Маврово и во 14 часот во Сала на Општина Дебар.

Како што соопшти Атанас Прчев од „Идеа Лаб”, претставниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, во рамките на Кампањата за Публицитет на ИПАРД 2014-2020, веќе одржаа десет инфо денови и еден форум.

Голем број на потенцијални корисници ги посетиле информативните денови и биле посебно заинтересирани за мерка седум „Диверзификација на фарми и развој на бизниси” посебно поради фактот што Повикот број 01/2019 за оваа мерка е отворен до 18 ноември 2019 година.

– Оваа мерка овозможува инвестиции во модернизација на постоечките или отворање на нови погони за производство на тестенини, пијалоци, колачи, пекарски производи, фарми за одгледување на зајаци, дивеч, насади за дрва и дрвена маса, аквакултурни фарми за слатководна риба, сместувачки капацитети како и отворање на ресторани. Согласно Програмата, до 65 отсто од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција ќе им бидат вратени на барателите-корисници на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020, стои во соопштението.

Информациите околу јавниот повик 01/2019, потребните документи, инфо деновите и информативното видео сите заинтересирани може да ги погледнат на веб страниците на Телото за управување со ИПАРД фондовите (www.ipard.gov.mk), Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. /МИА

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com