8.8 C
Skopje
Sunday, November 28, 2021

Инфлацијата ја опфати и е-трговијата на мало

Најчитани вести

Електронската трговија, која обезбеди најголеми попусти и поевтини стоки, стана постојан извор на инфлација за време на закрепнувањето од пандемијата -цените на интернет се зголемија за 1,9 отсто во октомври во однос на претходната година и 0,9 отсто во однос на претходниот месец, покажуваат податоците на софтверската компанија Adobe Inc., јави Блумберг.

Ова е 17-ти последователен месец на пораст по повеќе од шест години пад на индексот на дигитални цени на Adobe. Зголемувањето на цените на почетокот на празничната шопинг сезона, време кога трговците на мало обично почнуваат да нудат поволни цени, е уште еден знак за тоа колку е раширена инфлацијата.

Електронската трговија имаше корист од пандемијата бидејќи луѓето затворени дома претпочитаа да нарачуваат се од нивните телефони или компјутери.

Adobe очекува 1 од 4 долари да се потроши онлајн оваа празнична сезона.

„Бидејќи е-трговијата зазема поголем удел во вкупната продажба на мало, трендовите на цените стануваат се поважен показател за нето влијанието врз потрошувачите“, нагласи Вивек Пандја, аналитичар во Adobe.

Сепак, зголемените цени на интернетот остануваат далеку под основната инфлација.

Годишниот раст на индексот на цени на Adobe во октомври е исто така побавен отколку во септември, што е знак дека некои трговци на мало понудија попусти за да ги наведат потрошувачите да купуваат рано за подароци поради тешкотиите во синџирот на снабдување.

Минатиот месец потрошувачите виделе повеќе од 2 милијарди пораки за стоки што ги нема на залиха. Тековните прекини во синџирот на снабдување и силната побарувачка веројатно ќе продолжат да ги зголемуваат цените, според Пандја.

Од 18 категории производи што ги следи Adobe, само книгите имале пониска годишна инфлација во октомври од историскиот просек 2015-2019 година.

Adobe анализира 1 билион посети на локации за малопродажба и над 100 милиони производи.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com