4.8 C
Skopje
Thursday, October 21, 2021

Инфантино во Африка ќе прави Суперлига од 200 милиони долари!?

Најчитани вести

Претседателот на Светската фудбалска федерација (ФИФА), Џани Инфантино ѝ ветил помош од една милијарда долари на Африка за инфраструктура и подобрување на фудбалските услови, но најавил и формирање на пан-Африканска лига, налик на Суперлига во која ќе играат 20-те најдобри клубови од „црниот континент“, која чига треба да има приходи од 200 милиони „зелени банкноти“.

Инфантино деновиве е во Конго на прослава на 80-годишнината од Мазембе, еден од најголемите клубови во Африка, каде потоа јавно ветил сериозна помош и инвестиции во африканскиот фудбал.

„Сакам африканскиот фудбал да го достигне врвот, зашто на овој континент има многу потенцијал, кој е неискористен, а фудбалерите што потекуваат од овој континент се неверојатно талентирани и со посебен дар. Со соработка со КАФ (африканската конфедерација – н.з.) имаме три главни точки за развојниот проект – судење, инфраструктура и натпреварувања“, вели Инфантино.

Според него формирање на панафриканска лига, настрана од африканската ЛШ, би била идеално за развој, зашто предвидувањата се дека годишно таквата лига ќе има 200 милиони долари приходи и би била во топ 10 на светот.

„Таква лига со 20-те најдобри африкански клубови на едно место би донеле најмалку 200 милиони долари приходи, а лигата би била во топ десет“, додава Инфантино.

Интересно, првиот човек е против европска Суперлига на најбогатите клубови, ама е за африканска Суперлига. Против него има сериозен отпор за реформираното СП за клубови со 24 екипи, кое во 2021 година првпат треба да се одржи во Кина и потоа ваков клупски Мундијал ќе има еднаш на четири години, а не како досега секоја година, само со континенталните шампиони.

Повеќе вести

- Advertisement -spot_img

Најнови вести

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com