Интер сака да го купи Дејан Кулушевски

0

Клубот од Милано планира да земе напаѓач и играч од средниот ред, а на врвот на листата на желби се Жиру и Кулушевски.

Интер во јануарскиот преоден рок ќе се обиде да го купи Дејан Кулушевски, шведскиот интернационалец со македонско потекло, кој настапува за Парма.

Тренерот Антонио Конте смета дека во тимот е потребна квалитетна замена за Ромелу Лукаку и од управата побарал да почнат преговори со Оливие Жиру, чиј договор со Челзи истекува наскоро. Од друга страна, познато е дека Интер сака да купи и еден добар играч во средниот ред, се спомнуваат Иван Ракитиќ и Артуро Видал од Барселона, а сега на листата на кандидати за трансфер во Инбтер се наоѓа и Кулушевски.

Талентираниот Македонец доби покана за настап во шведската репрезентација и тоа ќе значи крај на надежите дека Дејан ќе игра за нашиот национален тим. Тој игра одлично во дресот на Парма, прилагоден е на италијанската лига и затоа Интер би сакал да го прибере во своите редови.